„Луксотика“ контролира 80% од продажбата на очила во светот

Речиси 80 проценти од очилата во светот се продаваат од страна на една компанија, што ѝ дава моќ вештачки да ја подигне цената за речиси 2000%.

Видеото „TruTV“ истакнува дека индустријата на очила и очила за сонце е во целост под власта на една таинствена компанија под името „Луксотика“.

Оваа компанија го контролира речиси целиот пазар на очила, од рамките во продавниците каде што ги купуваме очилата, па сè до нашето здравствено осигурување.

„Персол“, „Прада“… сè е тоа „Луксотика“. Ралф Лорен, Версаче и Мајкл Корс…„Луксотика“  ги произведува очилата за сите нив.

Акфорд вели дека тој виртуелен монопол ѝ дава моќ да влијае на порастот на цената на очила понекогаш подигајќи ја за дури 20 пати од цената во производството“.

„Луксотика“ може технички едноставно да ги означи сите очила со брендот луксотика, но не го сакаат тоа затоа што, според Aкфорд: „Тоа што ‘Луксотика’ навистина ви го продава е илузија на изборот“.

Можете ли сега да го видите светот малку појасно?

 

Scroll to Top