Вечерва во 21 часот започнува фестивалот „Широк сокак во бело – Бела ноќ“ во Битола. Настап ќе има популарната британска пејачка и диџеј Соник. Позната по хитовите „Скај“ и „Фил соу гут“ ќе ги забавува битолчани и бројните туристи до 2 часот по полноќ. Пред неа ќе настапат диџеите Рикардо и Андреј Ѓошев, како и специјалните гости од Данска, Робин Мастер и Микел Оуцен.
„Широк сокак во бело“ е во рамките на „Бит фест“ и во организација на „Горила продукција“, со поддршка од општина Битола и министерството за култура.