Почина 13 годишното момче, битолчанецот Гоце Марковски, за кое се собираа донации за негово лекување. Беа потребни 50 илјади евра, за лекување, поради што почна и масовната кампања за донации со цел да се собере таа сума. Тој боледуваше од тумор на мозокот .
По операцијата, продолжи да се лекува во Универзитетска Клиника Хале, Германија.
13 годишното момче, свиреше пијано и беше член на пливачкиот клуб од Битола. Имаше учествувано на многу натпревари, издвојува многу победи и успеси низ цела Европа. Гоце беше роден во Битола на 25 декември 2003 година.