Актерката Ивана Пнзаловиќ која беше оперирана веднаш откако нејзиниот вереник пукал во нејзината глава, се чувствува добро и е во свесна состојба.
Според првичните информации актерката наредните денови ќе биде пуштеа на домашно лекување. Изгребано ѝ е само челото, а хематомот кој се создал е отстранет со операција и таа добро се чувствува.
Соседите тврдат дека Ивана и Срѓан и претходно се карале, но таа на пријателите никогаш не се пожалила дека има проблеми со него, но и никогаш не ги запознавала со него, па тоа е показател дека нешто не било во ред.