Нашата позната водителка Лила Филиповска го ужива летото до последен сончев зрак.
Продолжениот викенд за празникот таа го искористи за да ужива на плажа покрај море кај јужниот сосед, па оттаму им прати жешка честитка на својата армија обожаватели.
-Среќен празник, среќен ден, напиша Лила во описот на провокативната фотографија каде позира во костим за капење, свртена кон сонцето апсорбирајќи го последните летни септемвриски зраци за дополнителен тен.
Инаку, наскоро започнува новата сезона на квиз-шоуто „Се или нешто“, а Лила со нови сили и енергија ќе ја стартува седмата сезона, со нови натпреварувачи и секако борба со банкарот.