Хикс (28) беше именувана во вторникот на позицијата на која беше Ентони Скарамучија, кој е сменет по само десет дена.
Иако нема политичко искуство, Хикс веќе петта година е во блиска врска со семејството Трамп, пренесува Би-би-си наведувајќи дека таа тивко работела на својата цел станувајќи една од најблиските соработнички на претседателот, со заработка од 180.000 долари.
Соработката со Иванка Трамп ја донесе и до нејзиниот татко, кој во 2014 година лично избрал да работи на маркетингот за неговата компанија со недвижности.
Потоа помогна во креирањето на неговиот твитер-налог, по што Трамп лично ја замолил да остане во неговиот политички тим.
Хикс ретко дава интервјуа, но често присуствува на претседателските интервјуа. Кога почна да работи на кампањата на Трамп го избриша својот твитер-налог, додека инстаграм-профилот ѝ е приватен.
Таа не се обидува да го промени претседателот туку да му овозможи да го работи тоа што сака.
Кога минатиот месец привремено беше поставена на функцијата директор на Одделот за комуникација на Белата куќа, Би-би-си предвиде дека, со оглед на досегашниот брз успех, не треба да изненади ако Хоуп Хикс остане на таа позиција подолго од своите претходници.