Балканската фолк-ѕвезда Лепа Брена објави фотографија на социјалните мрежи од куклата Барби која пред мнoгу години беше направена со нејзиниот лик и тело и се продаваше. Тоа е од времето на поранешна Југославија кога пејачката беше помлада и многу поактуелна на музичко поле.
Барбиката со ликот на Брена, која некогаш беше во продажба, беше облечена во карирана комбинација и бела кошула исто како што Брена беше облечена во спотот „То је то“.
Брена реши да се потсети на тоа време, па ја извади куклата и ја стави на социјалните мрежи.