Езџан Алиоски, фудблерот на Лидс Јунајтед, ја доби наградата за најдобар гол во месец август, откако доби 63% од гласовите на сите што гласаа во анкетата.
Македонскиот репрезентативец биеше од далечина и го погоди голот на Нотингем Форест, а неговата екипа оствари победа во тој меч. 25-годишниот Алиоски освен што го постигна деби голот во англискиот фудбал, за кусо време оствари и две асистенции.