Владимир Марјановиќ, таткото на Зоран Марјановиќ, е осомничен во истрагата за потенцијалната вмешаност во убиството на неговата снаа Јелена Марјановиќ кога припадниците на полицијата неодамна во близина на местото на кое било пронајдено нејзиното тело, на 3 април минатата година, го пронашле неговиот телефон. Во моментот се испитува неговата вмешаност во злосторството, па полицијата ја истражува и оваа можност.
Апаратот, кој е еден од новите докази до кои полицијата стигна, е во лоша состојба. По вештачењето, утврдено е дека на тој број во времето кога Јелена веќе била убиена Зоран направил повеќе повици.
Една од претпоставките е дека кога го изгубиле телефонот, Зоран вртел на него за да го најде, но во тоа не успеал.
По вештачењето, утврдено е дека телефонот му припаѓал на Владимир, таткото на Зоран.
Во моментот телефонот детаљно се вештачи и штом биде завршено со неговата анализа, може да биде решена мистеријата дали и, доколку е, на кој начин Владимир Марјановиќ бил вмешан во злосторството.
Телефонот што бил најден во близина на лешот таму бил долг период и тоа не се поклопува со изјавата на Владимир дека го изгубил пред десетина дена во близина на ридот каде што се шетала Јелена.
Во секој случај останува да се почекаат резултатите од вештачењето затоа што само на тој начин може да се реши оваа мистерија.