Мрачната тајна на принцот Чарлс поради која никогаш нема да седне на тронот

Неверојатен скандал неодамна ја растресе Бакингемската палата кога во медиумите се појави веста дека принцот Чарлс ќе го изгуби престолот.

Имено, според некои, засега дезинформации, што се проширија во јавноста, ваквиот настан следувал поради големиот гнев што го имала кралицата Елизабета кон него и дека неговиот син, принцот Вилијам, со сопругата Кејт ќе биде најдобриот начин да се освежи имиџот на кралското семејство и да го доближат до помладите луѓе.

Но, според други теоретичари на заговор, причината е сосема поинаква. Имено, станува збор за тоа дека принцот Чарлс, веројатно, ќе остане без титулата поради тоа што тој има дете за кое јавноста воопшто не знае затоа што кралското семејство ваквата информација вешто ја држела во тајност.

Станува збор за некогашната љубов на Чарлс, Џенет Џенкис, која забременила во времето додека Чарлс бил во брак со принцезата Дајана. Тие заедно го имаат добиено синот Џејсон Џенкинс (34), кој споделува неверојатна сличност со принцот Вилијам.

Мајката на Џејсон за магазинот The Globe открила дека му била љубовница на принцот Чарлс пред полни 16 години, но и дека нивниот однос се сведувал само на секс.

– Кога ќе се видевме, облеката практично самата паѓаше и воопшто не размислувавме за заштита – објаснила Џенет.

А дали и колку е оваа приказна вистинита, единствено само времето ќе може да ни покаже и докаже.

 

Scroll to Top