Хрватската поп-пејачка Јелена Розга денеска пристигна во Скопје. Таа вечерва ќе пее на приватна забава. Ова не е првпат пејачката да е ангажирана за забава од затворен тип кај нас.
Името на Розга деновиве често се спомнува во медиумите, првенствено поради раскинувањето на двегодишната врска со Стјепан Хаусер од дуото „2 Челос“.