„Ме измамија. Ме прашаа дали можам да ја причувам два-три дена. Требала да оди во Белград за да земе нешто. Па, добро, ѝ реков јас, можам два-три дена. Подолго не можам. Јас сум стар човек, мајка ти е неспособна… Не ми рече дека ќе оди во шоуто. Имаше со себе некои работи па ја прашав зашто ѝ се толку нешта за два-три дена“, вели Тома.
Но, во вториот дел од разговорот Тома откри дека работниците од Центарот за социјална работа дошле кај нив поради малата Кристина и верува дека некој ги пријавил.
„Не знам како дознаа дека детето е кај мене. Некој сигурно пријавил. Јас не пријавив“, вели Тома.
На прашањето дали работниците сакале да го однесат детето во дом, тој вели:
„Така ми рекоа. Не можат да го земат детето и да го однесат во дом“.
На прашањето што се случило потоа, дали Тома морал да потпише некој документ за детето остане со нив, тој открива:
„Бев во Свилајнци. Јас го зедов детето под моја грижа. Сега таткото и мајката ќе имаат проблем да го земат од мене. Не ми го оставија детето, јас го примив од социјалното. Го оставија без ништо“, тврди Тома.
„Ќе видиме. Можеби ќе им дозволам, можеби не. Условите што ги имаат таму се неверојатни. Нема да го пуштам детето туку-така“, вели Јовановиќ.
На прашашето од новинарите дали би ги примил Дивна и Марко кај себе, Тома вели:
„Тој не смее да дојде кај мене. Иако остарев, многу работам, но тој не научи да работи. Мангупска работа“.
„Детето воопшто не го прашуваат. Само вика ‘мамо, тато’. Мене ме лажеа, но добро. Моето куче ме касна, не туѓо“, изјави Тома на прашањето дали малата Кристина прашува за мама и тато.
На прашањето дали тој и сопругата имаат сè што е потребно за детето, Тома вели:
„Не требаше да ме лажат. Требаше да седнат со мене и да разговараат. Детето нема памперс, но има за јадење. Имаме храна во изобилие“.
Снимката видете ја на следниот линк: