Фронтменот на музичката група „Балкан бенд“, Александар Тасевски, пронајде слободно време во низата свирки за да отвори свој бизнис.
Во новата компанија на музичарот рачно ќе се изработуваат дрвени врати и прозорци, а ќе може да се набави и ПВЦ-столарија.
Нека е со среќа новиот бизнис, си посака Александар на својот фејсбук-профил.
Дали Тасевски пронашол нова професија која му носи подобра заработка или има доволно слободно време кое сака паметно да го искористи, останува набргу да дознаеме.