Дора Билиќ, која доаѓа од угледно семејство од Загреб, е единствената хрватска џихадистка

Под контрола на таканаречената Исламска дражава биле седум лица со хрватско државјанство, од кои шест имаат двојно државјанство, но никогаш трајно не живееле во Хрватска, додека на пописот има само една личност која имала исклучиво хрватско државјанство.

Ова се вели во јавниот објавен извештај на Безбедносно-известувачката агенција на Хрватска

Станува збор за 30-годишната Дори Билиќ, чија активност пред неколку години била забележана во градот Раки, тогашната силна тврдина на Исламската држава, каде се наоѓала со сопругот, кој бил државјанин на Босна и Херцеговина, а кој подоцна се приклучил на силите на ИСИС.

Девојката потекнува од угледно семејство од Загреб, одгледана е во католички дух и ги шокирала сите со својот брз премин во исламот, оној радикалниот.

Според достапните информации, Дора Билиќ била позната по одличните оценки во средно школо, по што се запишала на Правен факултет, а подоцна сфатила дека тие студии не  ѝ претставуваат предизвик па се едуцирала за работа како физиотерапевтка.

Говорела неколку странски јазици, а сакала да патува низ Европа и да посетува музеи.  Нејзиниот живот добива пресвртница по пристигнувањето во Лондон.

Таму го запознава идниот сопруг, тогаш уште христијанин, но набрзо по нејзиното пристигнување брзо преминува во ислам и пристапува на радикалните муслимански организации.

Неговото влијание на Дора било исклучително силно, па таа се одрекува од својата вера и го одбира исламот. Меѓутоа, бракот не траел долго.

Дора го напуштила сопругот затоа што не бил доволно екстремен.

По разводот, кој се случил во 2012 година, одлучила да побара некој по свој вкус, значително радикален, па го пронашла озлогласениот Сенад Авдиќ од село во близина на хрватската граница познато како упориште за вехабистите.

Несфатлива трансформација

Во Горни Маочи се сретнала со Сенад Авдиќ, наречен Чаџо, кој во тоа време живеел во село во близина на Брчко  со сопругата и децата. По средбата со Дора тој брак станал минато, па двојката брзо се префрлила во Сирија, а некои извори пишуваат дека имаат заедничко дете.

Според извештаите на SOA, Дора во 2014 година е ранета во нападите од коалициските воздухопловни сили, кои ги бомбардираа позициите на ИСИС, а некои извори го споменуваат и ранувањето на Авдиќ.

Овие вести ги вчудовиделе сите оние кои го познаваат семејството Билиќ. Таткото на Дора бил познат земјоделски експерт, мајка  ѝ архитект, братот дипломиран правник, баба ѝ магистер по фармација, додека дедо ѝ бил инжинер по електротехника,  врвни интелектуалци кои и денеска носат тежок товар со изборот на нивната ќерка и несфатливата трансформација во џихадистка.

Имено, нејзиното семејство  во изјава за „Вечерни лист“ објаснило дека Дора била искористена за пропаганда и дека го осудуваат исламскиот радикализам и тероризам.

 

Scroll to Top