Предлозите се формираат врз основа на два најважни фактора, колку пати фразата е пребарувана (она што е пребарувано најмногу пати ќе се појави прво во предлозите), а другиот критериум е од каде, односно од која држава се пребарува.
Кога е во прашање најпопуларниот српски политичар, претседател и лидер на СНС, Александар Вучиќ, граѓаните на Србија најмногу ги интересира колку е висок првиот човек на државата, а потоа како да дојдат до него, односно се обидуваат да пронајдат негов контакт. Ги интересира и како изгледа првата дама на Србија, Тамара Вучиќ, но и дали шефот на државата има „Инстаграм“.
Она што најмногу ги интересира Србите во врска со премиерката Ана Брнабиќ е нејзината биографија. Србите гуглаат и нејзини фотографии, но бараат и линк од нејзиниот Твитер-налог, нешто што е и очекувано со оглед на тоа дека шефицата на владата до стапувањето на оваа функција била повеќе активна на оваа социјална мрежа.
Србите најмногу ги интересира функцијата што ја извршува Ивица Дачиќ. Тоа може да се заклучи од пребарувањето на неговото име затоа што Гугл го нуди премиерот како предлог. Граѓаните ги интересира и веста за активностите на првиот потпретседател на Владата, а неизбежно е и тоа како пее земајќи ги предвид неговите многубројни настапи.
Кога се во прашање другите потпретседатели на владата, граѓаните најмногу ги интересира како изгледа сопругата на Небојша Стефановиќ, но и како да дојдат до него, односно кој е неговиот контакт и колку е висок.
Кога се гугла Зорана Михајловиќ, најмногу пребарувања упатуваат на линкот на нејзиниот инстаграм-профил.
Граѓаните на Србија најмногу ги интересира актуелниот градоначалник Синиша Малог, колку е висок, но и од каде потекнува. Се пребарува и која му е поранешната сопруга.
Во врска со поранешниот претседател на Србија, Томислав Николиќ, граѓаните најмногу ги интересира неговата црква, кога ја изградил, но и која година е роден. Се бара неговиот твитер-налог, иако Николиќ го нема, односно до неодамна го користеше официјалниот налог на претседателот на државата.
Во врска со опозициските лидери, ситуацијата е шаренолика. Граѓаните се прашуваат која страница му припаѓа на Саша Јанковиќ, лидерот на ПСГ, што направил досега во кариерата, но и како да контактираат со него.
Дали поради сè повеќето активности на социјалните мрежи или не, граѓаните на Србија најмногу ги интересира патот до твитер и фејсбук-налогот на Воислав Шешељ, но и кои книги ги напишал лидерот на радикалите.