Ана Ивановиќ е трудна

Убави вести стигнуваат од Чикаго.Ана Ивановиќ ќе стане мајка, јавува германскиот таблоид „Бунте“.

Наводно, поранешната српска тенисерка е во блажена состојба и треба напролет 2018 година да се породи.

Таа минатата година се омажи за поранешниот капитен на германската репрезентација, Бастијан Швајнштајгер.

И двајцата живеат во Чикаго, каде што Швајнштајгер игра за клубот во МЛС-лигата, „Чикаго фајер“.

Според пишувањата на „Бунте“, прво нешто во тренинг-центарот што се зборуваше е дека жената на Бастијан е трудна, а нејзините обожаватели коментираа под нејзините фотографии дека носи широка облека поради нејзинната бременост.

Весникот доби потврда од кругот на семејството дека Ана е во четвртиот месец од бременоста.

Уште само да почекаме потврда, па да им честитаме!

 

Scroll to Top