Бред Пит откри детали од свадбата на Тејлор Свифт и Тревис Келси: „Тоа беше свадба на векот“

Бред Пит проговори за раскошната свадба на Тејлор Свифт и Тревис Келси, која ја нарече „свадба на векот“, додека на црвениот тепих се појави со својата девојка Инес де Рамон.

Актерот присуствуваше на премиерата на својот нов филм „Heart Of The Beast“ во Френклин, Тенеси, каде што беше прашан дали за време на свадбената прослава ја изгубил Инес поради строгата забрана за користење мобилни телефони.

„Мислите на свадбата на векот? Тоа беше навистина неверојатна вечер. Мислам дека бевме таму 10, можеби и 12 часа“, изјави ѕвездата на филмот „Троја“.

Пит додаде дека целиот настан бил внимателно осмислен и организиран.

„Сè беше многу промислено и добро испланирано, навистина трогателно и многу забавно“, истакна актерот.

Тој призна дека во еден момент ја изгубил Инес во метежот на подиумот за танцување. Сепак, брзо успеал да ја пронајде, бидејќи секогаш имало некој што можел да му покаже во која насока заминала.

Тејлор Свифт и Тревис Келси, двајцата на 36-годишна возраст, се венчаа на 3 јули во „Медисон сквер гарден“ во Њујорк. Тие ги разменија брачните завети пред повеќе од 1.000 гости, а нивните говори траеле по околу 20 минути.

За свадбената церемонија и двајцата носеле креации од „Christian Dior Haute Couture“.

На свеченоста со градинарска тематика присуствуваа бројни познати личности, меѓу кои Џиџи Хадид, Бредли Купер, Џенифер Лопез, Нели, Дакота Џонсон и Ед Ширан.

Меѓу гостите беа и 62-годишниот Бред Пит и неговата 33-годишна партнерка Инес де Рамон. Двојката токму со фотографиите од свадбата официјално ја потврди својата врска на Инстаграм.

На објавените фотографии тие позираа прегрнати и облечени во усогласени црни комбинации. Пит носеше класичен костум со пеперутка-вратоврска, додека Инес се појави во тесен фустан од тантела.

Според Page Six, двојката одлично се забавувала на свадбата, а двократниот оскаровец бил забележан како консумира алкохол по повеќегодишниот период на апстиненција. Пит минатиот месец откри дека повеќе не е трезен, по седум години без алкохол.

Scroll to Top