Актерката Памела Андерсон се вивна во ѕвездите дури кога Хју Хефнер ја стави на насловната страница на „Плејбој“ во 1989 година. Таа никогаш не ја криеше благодарноста кон Хефнер и блискоста што ја имаше со него.
Нејзиното збогување со Хју е емотивно, а поранешната Зајачица го објави на својот инстаграм-профил, каде што самата се фотографирала расплакана и со размачкана шминка.
„Господине Хефнер, имам толку мисли, но не можам да ги средам. Постојам поради тебе, ме научи сè што е важно за слободата и почитувањето. Покрај моето семејство, ти си најважната личност во мојот живот. Ми даде живот… Луѓето секогаш ми зборуваа дека ти бев омилена. Премногу сум шокирана. Последен пат кога те видов, користеше патерици и не сакаше да го видам тоа. Имаше парче хартија во џебот што ми го покажа, на него беше моето име Памела и околу него срце. Сега се распаѓам. Ова чувство е целосно лудило. Ме прифати, ме охрабри да бидам тоа што сум. Рече дека твоето списание е за девојчиња како мене, дека сум олицетворение на духот за кој си мечтаел. Јас бев таа, така рече. Можам да те слушнам како велиш – биди храбра, нема правила. А за мажите… уживај. Го имаш светот под нозе. Дива си и слободна, остани силна, остани ранлива… Ги сакаше моите деца, секогаш беше тука за нас. Со својата љубов, со твојата луда мудрост. Сè ќе ми недостига. Ти благодарам што го направи светот подобро место. Послободно и посексапилно место. Довидување Хеф… твојата Памела“, напиша таа.