Откако на 91-годишна возраст во Лос Анџелес почина основачот на магазинот „Плејбој“, Хју Хефнер, многумина се потсетија на жените со кои тој беше, како и убавиците кои ги красеа насловните на најпознатото машко списание. Покрај убавите жени, позната беше и неговата вила на Беверли Хилс.
Во куќата е снимено реалното шоу „The Girls Next Door“ во кое можеше да се види каков животен стил води сопственикот на „Плејбој“.
Вилата од речиси 1900 квадратни метри е продадена минатата година за 100 милиони долари на Дарен Метрополис, првиот сосед на Хефнер. Тој од сопственикот на „Плејбој“ ја купил во 2009 година за 18 милиони долари.
Според пишувањата на ЛА Тајмс, тоа е најголемата продaжба на куќа во округот на Лос Анџелес. За неа првобитно се побарани 200 милиони долари, а како дел од договорот, Хефнер можел да живее во својата соба до својата смрт.
Хефнер живеел во вилата која ја купил пред 46 години за само милион долари. Изградена е во 1927 година и лежи на пет ари. Има 29 соби, куќичка за играње, кино, вински подрум и базен.
Во вилата на „Плејбој“ на прво место беа сексуалните слободи кои Хефнер ги поддржуваше, а со време стана синоним за журките кои таму се одржуваа често, а чии домаќини беа плејбој-зајачиците.
Хефнер обично ја делел куќата со три зајачици, со кои трипати неделно ги гледал филмовите, а им плаќал месечен надоместок. Според пишувањето на поедини американски медиуми, девојките морале до девет вечерта да бидат во вилата, поради што многумина ја опишале како затвор.
Покрај плејбој-зајачиците, куќата ја посетувале познати личности, музичари, политичари, пејачи…
Погледнете го видеото: