Фолк-пејачката Ана Бекуна на 21 и 22 октомври ќе одржи два концерта во белградскиот „Сава центар“. Токму затоа таа се грижи да биде во топ форма и да го издржи напорот што ќе ја очекува. Бекута во својот дом вежба јога, но се обидува да направи и „стој на раце“.
Оваа своја секојдневна активност пејачката ја сподели со читателите на српскиот портал „Телеграф“, кој направи сторија за секојдневните активности и здравиот начин на живот на пејачката.