Иако цртаниот филм „Малата сирена“ е работен според приказната на Ханс Кристијан Андресен, ликот што го има сирената е инспириран од актерката Алиша Милано.
Ова неодамна го откриле од студиото „Дизни“ и додале дека нежните црти на лицето на тогаш 17-годишната актерка и нејзините крупни очи им биле најголемата инспирација. Филмот е промовиран во 1989 година и е еден од омилените цртани на сите генерации.