Викиликс: САД знаеја дека Катар и Саудиска Арабија ја поддржуваат Исламската држава

Ријад и Доха ја поддржуваат терористичката групација што ја создадоа Американците. Ова го откриваат најновите документи излезени од Викиликс.

САД во последните години знаеја дека Катар и Саудиска Арабија ја помагаат Исламската држава со пари и оружје, а за ова сведочат и писмата на Хилари Клинтон во август 2014 година кои ги има упатено до советникот на Барак Обама, Џон Подести.

Тој нагласил дека од Вашингтон треба да извршат притисок врз владите на Катар и Саудиска Арабија, кои ги финансираат и материјално и технички, но истовремено и илегално ја поддржуваат Исламската држава и другите радикални сунитски групации во регионот.

Само Катар, кој ги прекина дипломатските односи со осум земји, е прогласен за држава што го поддржува тероризмот,

Се чини дека во текот на посетата на Доналд Трамп на регионот било договорено да се почне со ликвидација на Исламската држава, а дека на обвинителна клупа ќе седне само режимот во Доха.

Иако Американците ја создадоа Исламската држава, а сите претходни години ги поддржуваа и неа и Ал-Каеда, најверојатно колективната вина ќе биде ставена на Катар.

 

 

Scroll to Top