Критичарите ја нападнаа Ријана поради изборот на чевли

Една од најголемите поп-ѕвезди на светот, Робин Ријана Фенти, позната како Ријана, секогаш го привлекувала вниманието со своето ексцентрично однесување и интересни модни креации со кои се издвојувала од другите светски познати личности.

Колкаво влијание Ријама има во светот говори и фактот што облеката потпишана со нејзиното име се продава со брзина на светлината. Па не чуди тоа што неодамна, како дизајнерка на моделот на патиките „Fenty x Puma Creeper“, ја доби и наградата „Патики на годината“.

Но, овој пат Ријана ги шокираше сите кога се појави на една забава во Њујорк во црно-сива кошула, со капа и чудни чевли на нозете. Всушност, можеше да се забележи најлон на нив, или можеби станува збор за пластична ќеса.

Токму поради нив Ријана се најде на врвот на листата со негативни коментари од страна на модните критичари, но и обичните луѓе. Како и секогаш, имаше такви на кои  комбинацијата им се допадна, а нејзиниот потег го оправдаа со тоа дека нејзе ѝ е дозволено да прави што сака и да експериментира како сака.

 

 

 

 

Scroll to Top