Состанокот на францускиот претседател Емануел Макрон, со тројцата државни секретари беше прекинат од страна на неговиот црн лабрадор, на начин на кој не беше баш пријатен.
Додека Макрон разговараше со француските функционери во својата канцеларија во Елисејската палата, во просторијата се појави двегодишен лабрадор Немо, кој францускиот претседател и неговата сопруга го усвоиле од азил.
Тогаш почнал да уринира веднаш покрај каминот, а неговата реакција предизвика општа смеа пред сите присутни во просторијата.
„Се прашувам од каде доаѓа оваа бука“, прокоментира секретарката.
„Дали ова често се случува?“, додаде другиот функционер.
„Предизвикавте целосно необично однесување кај моето куче“, изјави Макрон низ смеа.
Видете го видеото: