Чансу Дере е една од најбараните актерки во Турција. 37-годишната Чансу е родена на 18 октомври 1980 година во Анкара. Како тинејџерка сакала да биде танчерка или балерина, но бидејќи била превисока почнала да се занимава со манекенство. Бидејќи ни манекенството не ѝ било по ќеф, решила да стане актерка.
Во текот на својата кариера глумела покрај најпопуларните турски актери. Досега глумела во сериите „Величенствениот“, „Езел“, „Сила“ и други. Талентот, убавината и добриот избор на улоги ја направија најплатената актерка во Турција, а заработува по 30.000 евра од епизода.
„Ја обожавам глумата, но не и славата, бидејќи кога сум на јавно место немам ниту пет минути мир. Секој мој збор, секоја моја постпка се анализираат, а тоа ми го прави животот напорен“, изјавила актерката.
Во моментов е глуми во серијата „Мајка“, која е меѓу најгледаните серии во Турција.