Аца Лукас: Ќе бидам најубавиот и најлудиот дедо

По турбулентниот период во животот на Аца Лукас, српскиот пејач неодамна се пофали дека има убави вести и дека ќе стане дедо. Медиумите во Србија пишуваа дека не ја дочекал со голема радост веста за бременоста на најстарата ќерка, Милјана, но се чини дека Лукас е пресреќен што ќе има бебе во семејството.

На новинарите од емисијата „Премиера“, тој им рече: „Ќе бидам најубавиот и најлудиот дедо.“

Потоа, на шега додал: „Се надевам дека ќе можам да ги советувам внукот или внуката кога ќе пораснат, дека и јас ќе созреам дотогаш.“

Scroll to Top