Националната конзервативна партија на Нов Зеланд ги прекршила авторските права на Еминем оти користела песна со сличен текст на хитот на Еминем „Изгуби се“ за своите рекламни кампањи. Поради ова врховниот суд донесе решение владејачката партија да му плати на раперот од Детроит 415.000 долари, плус камата.
„Сметаме дека оваа пресуда ќе биде предупредувачки гест за сите кои користат сличен звук со тој на оригиналните песни во рекламирањето на партиите“, изјави Адам Симпсон, адвокатот кој ја претставуваше „Ејт мајл стајл“, издавачката куќа на Еминем.