„Мона Лиза со мустаќи“, една од репродукциите на „Мона Лиза“, најпознатата слика на Леонардо да Винчи, се продаде за 750.000 долари во Париз. Сликата е на познатиот сликар и скулптор Марсел Дишан, кој важи за татко на концептуалната уметност. Сликата имаше претпродажна вредност од 400 илјади до 600 илјади долари, а била создадена во 1964.