Македонската пејачка Тамара Тодевска, по само неколку месеци по донесувањето на свет на малата Хана, повторно ја врати формата на своето тело речиси до совршеност.
По само неколку месеци, вежбање и правилна исхрана, таа успеа да се врати во нормала.
Од кавитација, липолиза, микро компјутер, целулитни масажи и што ли уште не, на Тамара и помогнаа да ослаби значително, да намали во обем и да се реши од целулитот.
Пејачката на својот Инстаграм објави фотографија на која носи макси сако, кое ја истакна нејзината линија и секако фокусираше на резултатите од третманите.