Безбедносната бубачка влијае на клима уредите, машините за миење на садови, печките, клима уредите и машините за перење на облека, кои се поврзани со интернет.
Маната на кодот на кај апаратите за домаќинство, кои ја открија безбедносните експерти, им допушта на хакерите да ја превземат контролата над бројните ЛГ паметни уреди, вклучувајќи ја и робот машината за чистењето, која е произведена од страна на ЛГ, со опремена камера.
Според безбедносната компанија „Check Point“, која ја пријави оваа грешка на компанијата ЛГ минатиот јули, нападот овозможува ранливост во постапката на проверка на авентичност меѓу мобилните апликации на „SmartThinQ“ и „LG послужителите“.
Наречен „HomeHack“, безбедносната бубачка исто така влијае и на ЛГ клима уредите, машините за миење садови, печните, фрижидерите, и машините за перење на облека, кои можат да се спојат со интернетот.
„Ранливоста на уредите може да им допушти на хакерите да ја прекинат работата на вашиот ладилник, да ја вклучат вашата машина за перење на долна облека, да имаат пристап до вашата видео камера на вашата робот правосмукалка, и да ги претворат вашите уреди во домаќинство во шпиуни во вашиот дом или да ви направат поплава во вашата кујна од страна на машината за миење на садови“, велат од безбедносната компанија „Check Point“.
Во видеото се докажува хакерстовот. Камерата на „LG Hom-Bot роботот на правосмукалката е активирана, и им овозможува на напаѓачите да изведат шпионажа на внатрешноста од вашиот стамбен простор.