Стефан Џуриќ Раста, одамна истакна дека ја смета марихуаната како добра работа, и од тогаш па се до денес го нема променето својот став.
Познатиот рапер, не обрнува внимание на тоа што пропагирањето на наркотиците може да биде лош пример за сите, особено младината, па на својот Инстаграм профил повторно објави како го држи и очигледно пуши џоинтот.
Ако се суди според фотографијата, можно е Раста да се наоѓа во стан, а поради малата ќерка Тара веруваме дека сепак не е негов туку стан на неговата сопруга Ана Николиќ.