Кевин Спејси призна дека е хомосексуалец

Кога Ентони Рап го обвини за сексуално малтретирање, кое наводно се случило во 1986 година кога имал само 14 години, холивудскиот актер Кевин Спејси на „Твитер“ објави порака во која се декласира како хомосексуалец. Познато е дека Кевин Спејси фанатично го чува својот приватен живот и поради тоа сите беа шокирани од пораката што ја објави на својот твитер-профил.„Многу го почитувам и ценам Ентони Рап како актер. Бев шокиран кога ја слушнав приказната. Искрено, навистина не се сеќавам на таа средба која се случила пред повеќе од 30 години. Но, ако сум се однесувал како што тој опиша, му должам најискрено извинување поради моето непростливо однесување. Најверојатно, сум бил во алкохолизирана состојба. Жал ми е поради чувството што го носел со себе сите овие години. Оваа приказна ме охрабри да се занимавам со некои работи од својот живот. Знам дека за мене кружат разни приказни, кои се дополнително поттикнати со тоа што внимателно ја чувам својата приватност. Како што знаат најблиските за мене, во животот сум бил во врска и со жени и со мажи. Сум сакал и сум бил во романтични врски со мажи и сега избрав да живеам како геј. Сакам да бидам искрен и отворен во врска со ова, а тоа почнува со проучувањето на моето однесување“, порача Спејси.

 

Scroll to Top