Џиџи Хадид е најдобро облечена жена

Магазинот „Гламур“ направи листа на најдобро облечени жени во 2017 година и според него топ-моделот Џиџи Хадид е најдобрпо облечената жена.

Според магизанот, таа е жената што ја следат сите девојки на светот, има свој стил и секогаш внимава што ќе облече. На второ место се најде Дакота Џонсон, третото ѝ припадна на Кристен Стјуарт, Ема Вотсон – 4, Зендаја – 5, Меган Маркл – 6, Селена – 7, Кејт Мидлтон – 8, Ријана – 9, Лили Колинс на 10. место.

Интересно е дека Блејк Лавли, која секогаш е една од најубаво облечените на црвениот тепих, се нашла на 14-тото место, Кендал Џенер на 17-тото и Бела Хадид на 19-тото. Бикторија Бекам е дури на 32. позиција, а секогаш дотераната Амал Клуни е 31. на листата.

Scroll to Top