Ријана се најде на насловната страница на ноемвриското издание на списанието „Вог Арабија“. Овој пат инспирација на фотографот била египетската божица Нефертити.
„Го посветуваме едиторијалот на силни и динамични жени кои го менуваат светот. Ријана е една од нив. Таа не е само една од најуспешните поп-икони на сите времиња, која ја оформува забавната индустрија со нејзините моќни мелодии и уникатното чувство за стил, туку таа е личност што се залага за разновидност“, вели Мануел Арнаут, уредникот на списанието.
И самата пејачка е воодушевена од грчката божица и на своето тело има тетоважа од Нефертити.