Пејачот Тони Цетински (48) во петокот во попладневните часови во Пустата улица во Ровињ со автомобил го прегази Ибрахим Кевљанин (62). Се огласи и синот на Ибрахим, Адис, кој веќе 17 години живее во Австрија.
-Ми рекоа дека Тони го удрил Ибрахим додека стоел на патот, не лежел, како што некои поединци тврдат. Цетински во Ровињ го знаат по брзото возење, а на Јутјуб постои снимка на која тој вози брзо токму по истата улица на која го уби татко ми. И јас сум возел по улицата, знам дека таму секогаш мора да бидам внимателен бидејќи таму постојано некој поминува – рекол синот Адис.
Додал дека Тони не го ни повикал по несреќата, а тоа не го направиле ниту неговите адвокати.
-Да е човек, би го свртел мојот број, би изразил сочувство. Не се удостои ни да се јави, тврди огорчениот Кевљанин, кој пред осум години го оперирал срцето и на ден пие по 14 таблети. По семејната трагедија, состојбата му се влошила.