Европската Унија преминува во Ислам? – „Џамии“ на детски игралишта во Берлин

Новиот детски парк во Берлин предизвика контроверзни реакции кај тамошните жители.

Една куќичка на чиј врв има купола, според мислењето на некои од мештаните, претставува џамија. Други, пак, тврдат дека тоа е едноставен „ориентален дворец“.

Во паркот што се наоѓа во берлинската општина Неулелн, која е позната по високиот процент на имиграциски семејства, ваквиот парк за деца бил дел од еден поголем проект, за кој властите одвоиле 220.000 евра.

Но, некои мештани биле изненадени и сметаат дека истиот изгледа на еден вид мини верзија на џамија, заедно со полумесечината и четирите минариња кои надѕираат преку оградите.

Тврдејќи дека овој парк може да има верска симболика, некои сметаат дека парите од даночните обврзници не би требало да се трошат на финансирање проекти од ваков вид.

„Игралиштата се добри за децата, добро е да се вложат пари во социјални проекти. Но, според мое мислење, религијата, без разлика за која станува збор, дали христијанство, ислам или јудизам, би требало да биде приватна и не би требало да биде финансирана со парите на даночните обврзници“, изјави еден жител на Берлин за РТ.

Еден корисник на „Твитер“, очигледно вознемирен од ова игралиште, неодамна објавил: „„Berlin, Neukölln. Allahu Akbar!”

Во петокот локалниот весник „БЗ“ објавил текст под наслов: „Берлин гради детски игралишта и тоа што доаѓа со нив е омраза, омраза, омраза“.

Буркард Дрегер, кој е гласноговорник на политиката на имигрантската интеграција на ЦДУ, партијата на Ангела Меркел во Берлин, исто така ја изрази својата загриженост.

„Веројатно некој од службениците го спровел овој проект сметајќи дека тоа ќе придонесе за подобро разбирање меѓу народите“, наведе Дрегер.

Други не виделе ништо лошо во тоа.

„Многу муслимански деца живеат овде, па зошто да нема вакви игралишта. Можеби луѓето ќе се почувствуваат подобро интегрирани во друштвото место да се чувствуваат исклучено“, изјави жител на Берлин.

„Тоа не би требало да биде ништо посебно. Кога ќе видите некаде крст тоа не е знак дека веднаш сакате луѓето да ги преобратите во христијани“.

„Овој дизајн на игралишта со џамија е многу добар затоа што ги претставува различностите во културите, како што е исламот овде, во Берлин. За моите деца ова е супер“, изјави уште еден човек, имигрант од Сирија кој сега живее во Берлин.

Началничката на општината Неукелн, Франзиска Гифи, тврди дека на целава расправа едноставно ѝ се дава премногу значење, нарекувајќи ја апсурдна.

„Локалните власти тврдат дека детските игралишта немаат никаква врска со исламот туку ја следат темата на чаршија со куполи на стилизирани ориентални замоци. Постојат неколку слични места во подрачјето кои се инспирирани од разни бајки“, изјави таа за „Берлинер цајтунг“.

 

 

 

 

 

Scroll to Top