ЦИА деновиве излезе со тајни документи од направени истражувања за парапсихолошки феномени.
Овие документи со име „Хронологија на неодамнешните занимања за необичните функции на човечкото тело во Народна Република Кина“ се објавени кога било побарано да се тргне назнаката за тајност.
Кинеското научно списание „Циран Цирачи“ во 1979 година објавило извештај за невизуелното препознавање предмети, во кое биле вклучени и неколку сведоштва за неверојатните можности што може да ги постигне човечкиот организам.
Една година подоцна ова списание организирало и парапсихолошка конференција во Шангај, на која учествувале повеќе до 20 истражувачки институти и универзитети од сите делови на светот.
Во 1981 година основани се стотина институции за проучување деца со посебни способности, а во 1982 година кинеската влада спонзорирала јавна конференција во Пекинг. Единствената тема била расправа за луѓето со парапсихолошки способности.
Истата година во Пекинг биле тестирани повеќе од десетина луѓе за да се види дали некои од нив имаат телепатски способности. Повеќето биле обични, но се појавил човек со име Баошенг, кој со своите телепатски способности ги шокирал научниците што се решиле да направат повторно тестирање.
Овој пат го набљудувале 19 научници. Се утврдило дека овој Кинез имал толкава моќ што со своите мисли можел да ги поместува предметите. Шест месеци го набљудувале, а тој со моќта на мислите ги ставал документите во стаклена цевка и ги вадел од неа. Истата работа ја повторувал и со инсекти.