„Секое утро прво го погледнувам својот задник. Можеби имам дисморфија или нешто слично, но мене навистина не ми изгледа толку голем, и дефинитивно сакам уште поголем“, вели Наташа.
„Досега имав три операции. Го обожавам својот задник затоа што поради него се чувствувам моќно и секси. Сакам кога се поместува и скока додека се движам“, објаснува таа и признава дека нејзините родители се противат на пластичните операции.
„Најмногу се загрижени за моето здравје и постојано ми велат дека морам да размислувам за тоа дека еден ден ќе имам свое семејство. Тешко им е да гледаат како се менувам и понекогаш се многу сурови и ми велат дека изгледам како крава. А јас, пак, ги прашувам како можат да го кажат тоа за родената ќерка“, изјави Наташа.
Но, таа нема намера да застане. Иако многумина ја критикуваат и сметаат дека нејзината опсесија се претворила во болест и дека изгледа гротескно, Наташа тврди дека ќе продолжи со зголемувањето затоа што тоа ја прави среќна.
„Изгледа дека им се допаѓам на многумина во вакво издание“, вели таа. Таа има речиси 300.000 обожавателина „Инстаграм“.