Мухамед Али, еден од најпознатите боксери на сите времиња, со децении ја воодушевувал публиката, а неговиот борбен стил и движења го инспирирале дури и мајсторот на боречките вештини, Брус Ли.
Али освоил златен олимписки медал на Игрите во 1960 година во Рим, а четири години подоцна станал светски првак во тешка категорија победувајќи го Сони Листон. Тој е првиот боксер кој трипати бил светски првак (1964-1967, 1974-1978, 1978-1979).
За себе велел дека е роден борец, но дека за неговата брзина и сила се заслужни неговите строги тренинзи. Со часови трчал, вежбал со јаже, а Али никогаш не се „штедел“. Неодамна се појави и видео на кое се гледа како изгледал еден негов тренинг и колку напорно работел за да стане најдобриот боксер на сите времиња.