Едита Арденовиќ, пејачката од групата „Министарке“ има само 24 години. Нејзината кариера последниве години постојано оди по нагорна линија, особено откога со групата го снимија дуетот со Северина за песната „Уно моменто“.
Младата пејачка е секогаш насмеана и весела на сцената, но малкумина знаат дека кога имала 11 години починал нејзиниот брат.
„Не ја преболев смртта на брат ми. Никогаш не закрепнав од загубата. Не сакам да зборувам на оваа тема. Знам само дека морам да најдам причини за насмвка“, изјавила Едита во едно скорешно интервју.
Едита е една од годинешниве учесници во музичкото шоу „Твоето лице звучи познато“, а жирито е секогаш полно со пофалби за нејзините настапи.