Во рамките на промоцијата на албумот и концертот кој е закажан во салата „Арена“ во Белград на 21 април в година, Дара Бубамара одлучила да ги израдува своите фанови во пресрет на Нова година и да го објави спотот за новата песна „Биографија“.
Препознатливиот стил на Дејан Милиќ го одбележа и овој спот, а Дара на сето ова изјави:
„Тимот што победува не треба да се менува. Со новиот спот Дејан Милиќ ми подготвува и видео на ЛЕД-екрани кои ќе бидат специјално поставени на концертот, кој ќе биде фасцинантен.
Во моментот целата енергија ми е насочена кон април. Работиме на избор на песни и подготовки на аранжманот на песни. Ќе има танчарки и костими, а веќе в четврток е следниот технички состанок во „Арената“ за одредувањето на позицијата на бината и просторното планирање на концертниот простор. Ме бараат на сите страни за билети – резервирај, ќе стигнеме, каде да купиме – слатки маки. Фановите веќе ми испраќаат слики од купените билети. Сѐ на сѐ, се создава атмосфера што ми прилега и ме исполнува со позитивна енергија.
Дара пред неколку дена се врати од Дубаи каде што одмораше со својот син Коста.
„Беше феноменално. Беше тоа краток, но сладок одмор. Коста и јас уживавме за сите пари. Потрошив сѐ на шопинг и подароци и сега сум шворц“, се пошегува Дара.
Да потсетиме, концертот е на 21 април, а влезниците се веќе пуштени во продажба.