Ако сакате да имате интересни ракавици оваа зима, можете и самите да си ги направите.
Дезенот може да е во вид на срце, иако и самите можете да го менувате – точки, ѕвезди и слично. За да ги направите потребни ви се ракавици, ленти, ножици, хартија, боја за текстил, четка и малку време.
Направете шаблони од цврста хартија со помош на кои потоа ќе ги исшарате ракавиците. Исечете ги.
Шаблоните залепете ги со леплива лента на ракавиците, на места и во положба која мислите дека ќе одговара најмногу.
Со боја исполнете ги празнините на шаблоните и оставете да се исушат. Тргнете ги лентите и хартијата и ќе добиете уникатни ракавици.