Поранешниот претседател на Иран денес чува овци

Поранешниот претседател на Иран, Махмуд Ахмадинеџад, и во времето на своето претседателствување на работа одел со автобус, а неговата жена работела како чистачка во исламско училиште. Денес, живее од плата на универзитетски професор во износ од 250 долари месечно и чува овци.

Во интервју за американската телевизија „Фокс Њуз“, на прашањето што си порачува кога ќе се погледне во огледало, тој одговорил: „Во огледалото гледам човек и му велам: ‘Запомни, ти не си ништо повеќе од обичен слуга’.“.

Кога првпат влегол во претседателскиот кабинет, ги тргнал скапите персиски килими и ги подарил на џамија во Техеран. На нивно место ставил обични, евтини теписи. Во извештајот за својот имот тој напишал дека поседува автомобил Пежо 504 од 1977 година и стара куќа во еден од најсиромашните делови на Техеран, наследена од татко му.

Претседателот секој ден на работа носел постара торба во која бил спакуван појадокот што му го подготвувала сопругата: неколку сендвичи или леб со маслиново масло и сирење.

Често им помагал на чистачите на улици во делот од градот каде што живеел и работел. Кога отседнувал во хотел, барал неговата соба да не биде со голем кревет, зашто не спиел на кревет, туку на под, на душек покриен со ќебе.

Во текот на неговиот мандат, секој нов министер морал да потпише документ дека ќе остане сиромашен, дека нема да се богати на сметка на државата и дека неговите сметки и сметките на неговите роднини ќе бидат редовно проверувани.

Ахмадинеџад не примал ниту претседателска плата, велејќи дека целото богатство треба да ѝ припаѓа на нацијата, а негова работа е да ги штити и богатството и нацијата.

 

Scroll to Top