Педофилијата е голем проблем веќе подолг период и во политичката и во верската сфера.
Со децении, а особено во последно време, како што се случаите со холивудските моќници Харви Вајнштајн и Кори Фелдман, луѓето со голема моќ се вмешани во ваков вид активности. А тоа не се случува само во Холивуд.
Педофилијата и трговијата со деца се присутни и во светот на политиката.
Списокот на луѓе од различни сфери во општеството инволвирани во тоа постојано се зголемува. Од Холивуд, преку политиката па сè до главниот стожер кој е задолжен за сето тоа, Ватикан.
Многу луѓе знаат за проблемите со педофилијата, малтретирањата и насилството кои ги има Ватикан веќе подолго време, но оваа информација станала мејнстрим пред само неколку години, период кој се поклопи со оставката на папата Бенедикт, нешто што се нема случено повеќе од 600 години.
Бројот на случаи на педофилија е нешто од што е згрозена целата јавност. Еден од тие случаи открија ФБИ и Еуропол, во кој беше разбиен синир на 350 педофили, по што беше уапсен Степен Часе, сопственикот на „Плејпен“, една од најмоќните веб-страници за детска порнографија.
Вториот случај кој се појави во јавноста е случајот со истакнатиот ватикански претставник, кардиналот Џорџ Пел, за кого е утврдено дека бил поврзан со детска порнографија и педофилија, и при тоа е откриен уште еден синџир на 70.000 педофили во Норвешка.
Џорџ Пел бил висок претставник во Ватикан, а бил советник и на папата Бенедикт и на папата Фрањо.
Тој бил еден од најмоќните претставници во Ватикан, а во моментов се соочува со обвинувања од австралискиот суд за сексуално малтретирање.
Во јуни минатата година бил обвинет од страна на австралиски детектив, а во моментов се бори со повеќе обвиненија за сексуално малтретирање, од кои некои не се достапни за јавноста.
Во најновиот случај на педофилија пријавен и обвинет е и братот на пензионираниот папа Бенедикт.
Интересно е дека сите објави и обвинувања за насилство, малтретирање деца и педофилија се поклопија со времето на оставката на папата, период кога луѓето најблиски до него биле под истрага и под закана и кога станало јасно дека малтретирањето деца во Ватикан не е само теорија на заговор.
Најновиот случај на педофилија е поврзан со 600 членови од катедралата Домспацен во Регенсбург, Германија, каде што физичкото и сексуалното малтретирање се одвивало во периодот од 1945 година до 1992 година под раководство на Џорџ Рацингер, брат на поранешниот папа Бенедикт, кој бил претседател на хорот од 1964 до 1994 година.
Во 2015 година адвокатот по име Улрих Вебер имал задача да даде извештај за тоа што навистина се случувало во тој период, а тој открил дека во текот на 30-те години, период кога хорот го водел постариот брат на Бенедикт XVI, некои од децата биле жртва на физичко и сексуално малтретирање.
Во извештајот биле идентификувани 500 случаи на физичко малтретирање и 67 случаи на сексуално малтретирање кое го сториле вкупно 49 луѓе кои имале позиција на моќ.
„Во претшколскиот хор доминирале насилството, стравот и беспомошноста, кои се користеле како секојдневен метод за дисциплинирање“, се наведува во извештајот
Во извештајот се наведува исто така дека братот на папата ги следел настаните од дистанца и воопшто не се мешал. Ратџингер, пак, не признал ништо, освен шлаканиците врз учениците откако ќе го презел хорот, и дека ваквите видови казни и дисциплина биле вообичаена појава во Германија во тоа време.
Тој исто така изјавил дека бил свесен за наводите за физичко малтретирање во основните школи и дека ништо не преземал по однос на тоа прашање, но не бил свесен за сексуалното малтретирање.
Повеќето луѓе кои го истражувале малтретирањето на децата од страна на високи претставници не веруваат дека Ратцингер не бил вмешан во сето ова.
Малтретирањето, убиството, трговијата со органи и слично се само некои од бројните шпекулаци кои го мачат Ватикан и тешко е да се сфати како можат тие настани да се случуваат под капата на Ватикан, за кој голем дел од светската популација смета дека го води поголемиот дел од светскиот политички естаблишмент.
Ватикан најави дека планира да им понуди надомест на жртвите, односно парична сума од 5000 и 20.000 евра до крајот на оваа година. Сепак, голем број од верниците не веруваат дека не постои надомест што ќе го поправи тоа што е направено.
Се верува дека педофилите минале низ истите ужаси во своето детство и сметаат дека ваквото однесување е сосема нормално.