Британскиот тенисер Енди Мареј започна твитер-војна со американскиот претседател Доналд Трамп. Трамп е познат по тоа дека секое свое мислење го споделува на „Твитер“, па преку својот профил се пофали дека магазинот „Тајм“ сакал да го прогласи за личност на годината.
„Магазинот ‘Тајм’ ме повика и ми рече дека ВЕРОЈАТНО ќе бидам прогласен за ‘Личност на годината’ како и лани, но дека морам да се согласам на интервју и фото сесија. Реков дека ВЕРОЈАТНО не е доволно и одбив. Фала во секој случај“, напиша Трамп на „Твитер“.
Слична порака на својот твитер-профил остави и тенисерот Енди Мареј.
„’Би-би-си’ ме повика и ми рече дека ВЕРОЈАТНО ќе бидам прогласен за ‘Спортист на годината’, но дека морам да се согласам на интервју и фото сесија. Реков дека ВЕРОЈАТНО не е доволно и одбив. Фала во секој случај“, напишал тенисерот.
Неговиот твит предизвика поголем интерес од оној на Трамп – собра 282 илјади лајка и 64 илјади ретвити, за разлика од оној на Трамп со само 154 илјади лајка и 41 илјада ретвита.