Во хрватското талент-шоу „Суперталент“ слепото момче, хармоникашот Павао Аниќ, отсвире на својата хармоника и со настапот ги освои членови на жирито. Ова момче учело во гимназија каде што било единствено слепо лице, но и покрај тоа бил најдобар ученик во класот.
На аудицијата хрватската пејачка Маја Шапут коментирала дека со овој натпреварувач би поминала одлично на журка во кој било ноќен клуб, пренесува хрватскиот медиум Дневник.хр.
„Нè воодушеви минатиот пат со својата емоција. Имаш нешто што е за душа, потребна е емоција и ти тоа навистина го имаш! Јас само би слушал“, му кажа на Аниќ членот на жирито, актерот Јанко Поповиќ Волариќ.
„Верувам дека многу луѓе кои го гледаат ова ќе имаат предизвик да ја издвојат душата од она што Павао го има. Ја би го прокоментирал твојот начин на свирење. Апсолутно го опишува твојот карактер. Фасцинантно“, додаде членот на жирито, Давор Билман.