Одбележани 75 години од премиерата на „Казабланка“

Вчера се одбележаа 75 години од промоцијата на филмот „Казабланка“.

Премиерата била одржана набрзина на 26 ноември 1942 година во Њујорк за да се искористи моментот на сојузничката инвазија во Африка. На почетокот филмот поминувал лошо на киноблагајните, но по 1944 година, биле организирани нови проекции, па филмот освоил дури и „Оскар“ за најдобар филм, режија и сценарио.

Филмот ќе остане запаметен по одличната хемија помеѓу Хемфри Богарт и Ингрид Бергман, но и по многуте реплики, меѓу кои и: „Секогаш ќе го имаме Париз“, „Ова е за тебе, малечка“, „Свири го тоа повторно Сем“ и „Ова е почеток на едно убаво пријателство“.

Повремено во Америка се одржуваат специјални проекции на филмот, а киносалите се секогаш полни. Тоа го прави „Казабланка“, третиот најуспешен филм на сите времиња.

Scroll to Top