Српската пејачка Рада Манојловиќ пред две години доживеала голема непријатност, и тоа во текот на двомесечниот престој во Америка за време на турнејата. Имено, додека била во Мајами, под возилото со кое ја возеле била поставена бомба.
На местото на инцидентот веднаш стигнала американската полицијата, која, по детаљната проверка, утврдила дека се работи за бомба.
„Инцидентот се случи пред две години. Дискотеката во која Рада настапувала била преполна. Пејачката со својот тим на тезгата пристигнала околу полноќ. Возачот ги донел пред дискотеката, по што автомобилот го паркирал на резервираното место. Околу три часот по полноќ, настанал општ хаос. Обезбедувањето од клубот забележал двајца мажи кои со троба се врткеле околу возилото. Не сакале да ризикуваат, па веднаш повикале полицијата“, раскажа извор близок до пејачката.
Настапот веднаш бил прекинат, а за среќа, сè минало без последици.
„Дваесет униформирани луѓе влегле во дискотеката. Рада моментно прекинала да пее. Не знаела што ја снашло. Се уплашила, а неколку полицајци ја опколиле. За време на тоталната блокада, кога била во сила нешто повеќе од еден час, никој не можел да го напушти локалот, ниту да влезе во него. Кога утврдиле дека под возилото на Рада била поставена бомба, настанала паника и вресоци се слушале на сите страни. Сите биле преплашени, а никој не смеел да го напушти локалот. Бомбата успешно била деактивирана, а возилото однесено во полиција. Подоцна се утврдило дека бомбата била поставена под погрешно возило и дека пејачката можела да биде само колатерална штета. За секој случај, Рада во текот на престојот во Америка добила засилено обезбедување“, отквиа извор за српски „Курир“.
И самата потврдила дека се случил овој инцидент за кој претходно никогаш не проговорила.
„За тоа никогаш не сакав да зборувам. Фала богу, сè се заврши како што треба. Сметам дека нема потреба да се прави сензација од тоа. Непријатности се случуваат, но се трудам да не им давам значење. Сега работам на нови песни и едвај ја чекам следната година кога повторно ќе отидам на турнеја во Америка“, изјави Рада.