Дизајнерот на чевли Маноло Бланик и куќата на накит „Булгари“ претставија луксузни обувки направени од зелена свила и скапоцени дијаманти, пишува „Убавина и здравје“.
Националниот музеј на декоративни и применети уметности во Мадрид, вчера (28 ноември), ја отвори изложбата „Уметност на чевлите“ на денот на раѓањето на дизајнерот, а таа е посветена на 45-годишнината од неговата професионална работа.
Уникатниот чифт чевли е инспириран од ѓерданот на модната куќа „Булгари Феста“. Овие класични чевли со високи потпетици се декорирани со позлатени ремчиња и украсени се со рубини, аметист и дијаманти.
„Тоа е сон, а не соработка! Јас сум голема обожавателка на мајсторот Маноло Бланик. Се обидовме да создадеме скапоцен камен заедно, кој не мора да биде заклучен во сефот“, рекла креативната директорка на „Булгари“, Луција Силвестри.
Изложбата „Уметност на чевлите“ ќе биде отворена до 8 март.