Сопственик на фармацевтска компанија уапсен поради подмитување лекари

Мислевме дека никогаш нема да го доживееме тој ден кога сопственик на една од фармацевтските компании конечно ќе биде уапсен поради водење криминален картел. Сепак, стигна и тој ден.

„Американските федерални власти, по серијата обвинувања во четвртокот, го уапсија милијардерот, основач и сопственик на компанијата Insys Тherapeyics за подмитување лекари и лекарски клиники со цел да го пропишуваат лекот под името Subsys на своите пациенти.

Зависноста од лековите кои содржат опијат, по спроведеното истражување, носи 64,000 животи годишно во САД.

Министерството за правосудство подигна обвинување против Џон Капор (74) и седум други актуелни и поранешни раководители на фармацевтски компании кои спроведувале рекет, национален заговор и измама кон лекарите и лекарските клиники, а истовремено ги присилувале на незаконска дистрибуција на производот Subsys, спреј кој го произведувала нивната компанија, а кој се користи како лек за болки кај пациентите заболени од рак. Цената на акциите на оваа компанија паднале на повеќе од 20 проценти по апсењето, според „Њујорк пост“.

Капор поднел оставка на местото главен извршен директор на компанијата во јануари поради моменталната федерална истрага која се изведува за нивниот производ Subsys (спреј против болки), кој содржи фентанил, синтетски опијат што предизвикува голема зависност.

Фентанилот повеќе од 50 пати е посилен од морфиумот, а консумирањето на само два милиграма е доволно за да предизвика фатално предозирање кај возрасните лица.

Серијата апсења следеше само неколку часа откако претседателот Доналд Трамп службено прогласи епидемија на фармацевтски опијат во земјите како национална закана.

Предозирањето со лекови на рецепт предизвикало 64,070 смртни случаи во 2016 година, што е повеќе од бројот на изгубени американски животи во целата војна во Виетнам.

Кога епидемијата на користење опијат се развива сè повеќе и повеќе американски држави почнаа да ги држат лекарите и произведувачите на опијат одговорни за прекумерно пропишување на овие лекови против болки кои предизвикуваат голема зависност.

„Ние ќе подигнеме голема тужба против луѓето и компаниите кои им наштетија на нашите граѓани“, изјави во четвртокот Трамп. Исто така проговори за програмата на иницијативата на Нанси Реган под името „Само кажи не“.

„Повеќе од 20.000 Американци минатата година починаа од предозирање од фармацевтските лекови кои содржат опијат, а милиони се зависни од тие опијати. И покрај тоа, некои медицински експерти работат на искористување на зависниците наместо да се обидат да им помогнат“, изјави главниот државен секретар, Џеф Сесион, во соопштението.

„Ова Министерство на правосудство тоа нема да го толерира. Ние никого нема да поштедиме, од улични трговци до корпоративни раководители, кои илегално придонесуваат епидемијата да завладее во оваа земја. А под водство на претседателот Трамп, во целост се залагаме да ја победиме оваа закана кон американскиот народ“.

Претседателот Трамп ѝ прогласи војна на фармацевтската индустрија

Под претпоставка дека Трамп ќе продолжи да се бори до крај со фармацевтските картели и со монополот на здравствената заштита која го уништува американскиот народ, може да се претпостави дека сè повеќе и повеќе фармацевтски компании ќе се соочат со правни последици поради нивното учество во масовните медиумски убиства на Американците со помош на опасни и смртоносни лекови.

А во прашање се и вакцините и нивната поврзаност со аутизмот кој го промовираат Американскиот центар за контрола на болестите, фармацевтските компании и мејнстрим медиумите. Кога овие медицински измами и корупција ќе бидат расветлени, десетици фармацевтски претставници ќе завршат во затвор.

 

 

 

Scroll to Top